19 Април, 2024
0.0265

Заев: Политичките одлуки во земјата ќе зависат од пораките на ЕУ и Мeркел

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Политичките одлуки во земјата за тоа дали ќе има реконструкција на Влада или предвремени избори ќе зависат од одлуката на Европскиот совет и како европските земји ќе ги постават работите, како и од пораките што ќе ги добиеме од германската канцеларка Ангела Меркел на претстојната средба во четврток во Берлин изјави денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција во Владата со неговиот чешки колега Андреј Бабиш.

-Денеска добивме сериозно охрабрување од земја членка која е прилично влијателна во ЕУ посебно во новите консталации во политичкиот дел и поставеноста на Алте груп, но и од Германија и пораката што ќе ја добиеме од канцеларката Ангела Меркел  и јасното соопштување за извесните чекори коишто ќе дојдат така ќе ги носиме одлуките дома. Нема дилеми дека ќе добиеме датум за преговори, важно тоа е да биде порано. Важно е да знае ЕУ дека таа за нас е атрактивна затоа што секогаш покажала мудрост да ги прави реформите внатре,но и да го држи процесот отворен за привлекување на новите земји кандидати за членство во ЕУ и верувам дека тоа ќе се случи. Оваа мотивација од ЕУ за нас е важна за да продолжиме понатаму, рече Заев на новинарско прашање дали има донесено одлука за која од трите можни опции (реконструкција на Владата, предвремени парламентарни избори, враќање на мандатот) се одлучил, а кои тој претходно ги најави во случај да не добиеме датум за преговори.

Тој рече дека по средбата во четврток, веројатно следниот викенд ќе следи седница на централниот одбор на СДСМ, дека се постојано во координација со коалициските партнери и во зависност од одлуката на парламентарното мнозинство и дали тоа ќе се одржи така ќе ги носат одлуките.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?