19 Декември, 2025
0.0450

Заев: Решение овие денови, треба прво да се обезбедат услови

Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2018 10:44

Добивај вести на Viber

Се чекаат да се создадат поповолни услови и во прашање се денови за да се дојде до телефонскиот разговор и да се постигне договорот, гласи последната изјава на Зоран Заев во исчекување на контактот со грчкиот премиер Алексис Ципрас. 

Според најновите сознанија на медиумите, до договор не може брзо да се дојде поради тоа што не е договорено името на јазикот на латиница дали да биде „makedonski“ или „macedonian“, како и протестите на грчките националисти кои се закажани во меѓувреме.

Во врска со изјавата на Коѕијас дека во игра се три предлози – Република Северна Македонија, Република Горна Мкаедонија и Република Нова Македонија, Заев одговори дека верува оти процесот е на самиот крај и оти крајот ќе биде среќен и успешен.

– Да не избрзуваме со детали за тоа, се уште се создаваат околностите за да се случи телефонскиот разговор. Денови се во прашање. Откако ќе се случи граѓаните ќе бидат информирани за тоа и за неговата содржина, рече македонскиот премиер.

Заев ги коментираше и изјавите на Артан Груби, функционерот на ДУИ, како и на Никос Коѕијас, министерот за надворешни работи на Грција, кои „синхронизирано“ одговорија дека Македонија не мора да одбира некој од трите добропознати предлози на медијаторот Метју Нимиц, туку може да се смисли ново „креативно“ решение за име.

– Прашањето е сензитивно и ќе останам внимателен. Овие денови сакам да бидат денови на успешно завршување на процесот. Кога сите детали ќе бидат договорени  веднаш ќе бидат споделени. Чувствително е кај нас, чувствително е и во Грција, рече Заев и додаде дека, сепак, за прашањето на крајот граѓаните ќе одлучуваат на референдум. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот