ЗАЕВ РЕТЕРИРА ИЛИ ЈА ЧЕКА ВЛАДАТА - има плејада опции и за разрешување и за останување, ДУИ никогаш не барале да биде сменет Пауновски
Објавено во: Македонија 27 Април, 2021
Премиертот Зоран Заев денеска ги слушнал аргументите на инспекторите, но од нив добил и бројни документи во прилог на Пауновски, по што, на Владата ќе и го каже и својот став, но и аргументите на инспекторите.
По сето ова Владата ќе донесе одлука, рече премиерот.
„Денеска имавме средба со вработени од Државниот пазарен инспекторат, беа тројца вработени, и од делот на човечки ресурси, и од делот на инспекторите, меѓу нив имаше и Македонци и Ачлбанци. Тие се добри луѓе. Со нив се видовме, разговаравме, тие ги кажаа нивните аргументи и имаа многу пофални зборови за дуиректорот на ДПИ Стојко Пауновски. Тие ги презентираа аргументите што сметаат дека се важни зошто не треба да се разреши директориот Пауновски. Ние внимателно ги ислушавме нивните аргументи кои ги презентираа пред мене и пред вицепремиерот Љупчо Николовски. Ние тие аргументи што ни ги презентираа ги ислушавме и ќе ги презентираме на владината седница која ќе се одржи во 12 часот и пред другите владини министри“, рече премиерот Заев.
Прашан дали Заев останува на ставот за разрешување или ретерира од тој став и дали ќе бара разрешување на Пауновски на седница на Влада, но и според кој закон или етички кодекс ќе го бара тиоа, односно дали тоа е по Законот за рамковно вработените, премиерот рече дека ќе остави Владата да дебатира на оваа тема, а тој не сака да ја води оваа полемика на јавна сцена.
„Јас со Пауновски во петокот стапив во контакт. Сите аргументи ги слушнав од инспекторите, но има законска регулатива, владини одлуки, но и етичкиот кодекс. Се тоа е внимателно разгледано. Има плејада опции на кои може да се темели и предлогот за разрешување, но и предлогот за останување на Пауновски. Ќе оставам да пресече Владата, но повторувам дека законите во државата треба да се почитуваат. Пред да го кажам на Владата мојот став за ова прашање, сакам да ги прточитам сите документи што ми ги оставија вработените од ДПИ, тие ми кажаа дел од нивните аргументи усно, но и оставија вредни документи и материјали кои ќе ги разгледам. Така што, денеска тоа ќе го направам и е фер кон вработените, не дека се колебам, но чесно е кон инспекторите прво да ги прочитам материјалите“, рече Заев.
На прашањето кои аргументи ги дале вработените во ДПИ, во корист на останување на Пауновски, Заев рече дека еден од аргументите бил дека Пауновски е добар човек, унапредил многу работи во ДПИ, дека зедно со Владата дадени се многу средства за вработувања и за нова опрема за инспекторатот, но како што рече Заев, колегите на Пауновски кажале и некои карактерни слабости кои ги имал директорот, исто како што ги имаат и сите луѓе, а вклучително и премиерот.
На прашањето дали неговиот став за разрешување на Пауновски се должи на барањето на коалициониот партнер ДУИ, Заев рече дека коалициониот партнерт ДУИ никогаш не барал разрешување на Пауновски.
„Но, од 10 дена, вие седум дена да се инаетите, а да не дојдете во Владата да разговарате, е недозволиво. Во четвртокот минатата недела го барав, не можев да го добијам, не може пркосејќи да не дига трелефон. Стојко Пауновски е политички поставен директор на ДПИ, тој беше и претседател на општинската организација на СДСМ, значи е мој прв соработник. И денеска на Влада што и да се случи - тој ќе остане мој добар соработник и соработката ќе продолжи. Во петокот разговаравме 15 минути, 20 минути, се разговараше и со други членови на СДСМ“, рече Заев.
Нагласи и дека прашањето е и принципиелно, и праша што ќе биде ако другите 179 директори не ги почитуваат владините одлуки.
„Не е лесно да се распределат 1.300 луѓе. Има трајно средства за 24 нови вработувања во ДПИ, а некој од тие вработени со тек на време може и ќе ја напушти работата, а парите остануваат во ДПИ“, рече Заев.
На крај нагласи дека Владата ќе дискутира и ќе донесе одлука.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.