Заев се сретна со амбасадорката на ОБСЕ - Што побрзо да се формира влада во интерес на граѓаните
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2017 19:15
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членот на ИО на СДСМ, Љупчо Николовски попладнево се сретна со амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, придружувана од шефот за политички прашања Џеф Били.
На средбата Заев ги искажа очекувањата на СДСМ околу формирањето на новата Влада во Македонија, како и следните планирани чекори во насока на реформските процеси во земјава.

- Сите во државата, вклучувајки го и претседателот Иванов, мора да ги почитуваат и да ги следат изборот и очекувањата на мнозинството граѓани, кои се изјаснија за промени. Нашиот став е дека треба што поскоро да почнат процедурите за формирање на новата Влада на сите граѓани на Македонија - рече Заев.
Тој објасни дека основа на приоритетите на СДСМ се извештаите на Прибе и на Европската комисија за реализација на потребните реформи за функционирање на инстутуциите исклучиво во интерес на граѓаните.
- На изборите победи концептот на заедништво и ние така ќе ја градиме Македонија, во едно општество за сите, во држава на граѓани со еднакви права и обврски и со услови за квалитетен живот - рече Заев на средбата со амбасадорката на ОБСЕ, Суомалаинен.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци




