19 Декември, 2025
0.0442

Заев се сретна со Могерини - ЕУ очекува брзи и мудри одлуки

Објавено во: Македонија 02 Март, 2017 17:46

Добивај вести на Viber

Могерини ги реализираше средбите со лидерите на политичките партии, но единствено Зоран Заев даде изјава откако заврши разговорот со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ.

- Среќни сме што ЕУ останува посветена на иднината на Македонија. 67-те мандати се нормален услов за давање на мандатот за формирање влада, а ЕУ ќе ја поддржи идната влада за забрзано членство во Унијата, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со шефицата за надворешна политика на Унјата, Федерика Могерини, која денеска престојува во Скопје.

- Уште еднаш апелираме до Иванов да ја преиспита својата одлука затоа што позади тие 67 мандати стојат близу 700.000 гласачи,а со секое пролонгирање, стравот од ескалација на состојбата е реално присутен. Оттука, првиот чекор е Иванов да ги почитува гласачите кои стојат позади овие 67 потписи. Со вака блокирани институции доведено е во прашање и одржувањето на локалните избори чиј краен рок за закажување е в недела, на 5 март - рече Заев.

Лидерот на СДСМ порача дека остануваат посветени на изнаоѓање брзи, но мудри одлуки.

- Тоа од нас го очекуваат граѓаните, но и ЕУ - нагласи Заев.

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, по средбите со Могерини, го напуштија Собранието без да дадат изјави. 

Следно на агендата на Федерика Могерини ќе биде средба со претседателот Ѓорге Иванов.


Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата