Заев се заканил со оставка во Берлин?
Објавено во: Македонија 30 Април, 2019 19:17
Македонскиот премиер Зоран Заев на Берлинската конференција за Западен Балкан, која се одржа изминатите денови под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел и францскиот претседател Емануел Макрон, се заканил дека ќе си поднесе оставка како шеф на македонската влада доколку земјата не добие Датум за преговори од Европската комисија во текот на оваа година.
Ова во јавноста го тврди косовскиот ноивинар Батон Хаџиу кој го следел Самитот во Берлин, а вели дека тоа Заев го најавил на средбата со Меркел.
– Најинтересена беше средбата на албанскиот премиер Еди Рама и премиерот на Северна Македонија Зоран Заев со канцеларката Ангела Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон. Таму се случија некој работи кои значително ќе ги менуваат работите понатаму со тоа што ќе се случува на Балканот. Според информациите што ги имаме, Заев рекол дека ако не се отвори патот за преговори ќе си даде оставка – изјавил новинарот на телевизијата „Клан косова“.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




