19 Декември, 2025
0.0500

Заев уште не губи надеж дека Иванов ќе стави потпис на договорот со Грција

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2018 19:15

Добивај вести на Viber

Ако нашиот претседател Ѓорге Иванов повторно не го потпише Договорот за името со Грција, тогаш ќе има референдум, кој ќе се одржи на крајот на септември, односно на почетокот на октомври. Ова го изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање на бугарската агенција БГНЕС на маргините на Самитот на Кина со земјите од Централа и Источна Европа во Софија.

Според Заев, политичарите ќе треба да го испочитуваат гласот на народот.

Во изјавата Заев изразил надеж дека претседателот Иванов ќе го потпише договорот.

- Тој што треба да гласа ќе гласа, а тој што треба да потпише ќе потпише, затоа им служиме на граѓаните, потенцираше Заев.

Иванов, како што рече Заев, не може да го блокира процесот. - Ако не го потпише сега ќе треба да го направи тоа по референдумот, додаде тој.

На прашање дали ќе има импичмент на претседателот, ако тој не го потпише Договор, Заев одговори дека сите опции се можни и повторно нагласи дека единствениот пат за Македонија е полноправно членство во НАТО, а истото го мислат и мнозинството Македонци.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот