Заев утре ќе бара мандат од Иванов
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2017 12:00
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев со 67 пратенички пoтписи утре ќе оди кај претседателот на државата, Ѓорге Иванов за да побара мандат за формирање влада.
Централниот одбор на партијата вчера донесе одлука Заев да биде мандатар за состав на новата Влада. Покрај 10-те потписи од ДУИ, Заев ќе добие и 5 од БЕСА и 3 од Алијанса за Албанците
Со неговото утврдување за мандатар за Влада, Заев доби поддршка и овластување од Централниот одбор да влезе во преговори за владината програма и за новиот владин состав.
„Се определивме за квалитетен живот на сите граѓани, во едно праведно и правично општество за сите и сѐ што правевме досега во оваа фаза на обезбедување на парламентарното мнозинство, беше водејќи се исклучиво од тој интерес на граѓаните, согласно Уставот на Македонија“ - изјави Заев.
Откако ДУИ ги даде потписите за добивање мандат, портпаролот Бујар Османи завчера изјави дека давањето потписи е за да се запази рокот за локалните избори. Сепак, тоа сè уште не значи дека ДУИ ќе учествува во владата. Нивниот дефинитивен одговор се очекува утре.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци




