Заев вели не треба да се тркаме кој прв ќе почне со вакцинација
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Декември, 2020
Премиерот Зоран Заев вечерва во Само интервју на Канал 5 изјави дека не треба да се тркаме кој прв ќе почне со вакцинација против коронавирусот.
Вели дека март ќе биде месец на вакцинација, и дека треба да се вакцинираат здравствени работници, хронично болни, вработените во градинките кои работат со децата. За Србија рече дека имале свои контакти и си обезбедиле вакцини. Но, Заев кажа дека дел од земјите се понудиле и дека тие прифатиле да добијат вакцини. За фактот дека прифатија Бугарија да ни донира вакцини, вели дека сакале да покажат пријателски гест.
„Имаме пари, но ова не беше за пари, ова беше донација“, кажа Заев.
Тој рече дека го разбира гневот на граѓаните кои велат дека прифаќањето на донираните вакцини од Бугарија е недостоинствено. Заев рече дека ја цени секоја подадена рака.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.