19 Декември, 2025
0.1837

Заев верува дека одговорноста на Тодоров и Јанчев ќе поттикне и други пратеници

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2018 12:13

Добивај вести на Viber

За работата на Координативното тело за помирување, за реформите и процесот на интеграција на земјата во ЕУ и НАТО, разговарале премиерот Зоран Заев и Никола Тодоров и Митко Јанчев, пренесе МИА.

Премиерот денеска на маргините на регионалниот форум „Промовирање на имплементацијата на Истанбулската конвенција во земјите на Западен Балкан и во Турција – Интегрирани политики, инклузивни партнерства“, одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека верува оти јасно изразената одговорност од страна на Никола Тодоров  и градоначалникот Митко Јанчев може да охрабри одредени пратеници коишто „знаат кој е исправниот чекор,  а се уште немаат доволно храброст да го направат тој чекор“.

-Навистина ќе сторам се за рализирање на овој процес, имаме максимална консолидација  во општеството во врска со ова исклучително важно прашање за Република Македонија, а тоа се уставните амандмани. Уште во првата фаза имавме инклузивен процес. Верувам дека и оваа фаза, која завршува со пленарната седница, која ќе почне на 1 декември, ќе биде таква, а посебно во последната фаза, кога ќе помине јавната дебата и ќе бидат конечни амандманите со нивното амандмирање, односно  нови амандамни на самите амандамни, рече Заев.

Изрази верување дека бројката од 80 пратеници може да се зголеми. -Таа бројка од 80, која беше овозможена при првото гласање беше  само за тогаш и никој не може да каже дека таа бројка ќе опстојува . Јас искрено се надевам дека бројката ќе расте, рече Заев.

Иако се исклучени од партиските органи, Заев верува дека тие имаат влијание во партијата, и покрај промените во позициите тие сепак се чувствуваат како дел од ВМРО-ДПМНЕ и затоа ги повикал на кафе во Струмица.

Истакна дека со задоволство би учествувал на Координативното тело, нагласувајќи оти тој е иницијаторот на процесот на помирување.

-Верувам искрено во него. Оваа закрвавеност, омраза коишто се јавуваат во нашето општество  треба да помогнеме сите заедно да се надминат, посебно во периоди кога сме сите заедно  за стратешките цели  а тоа е членството во НАТО и во ЕУ, истакна Заев.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината