17 Јули, 2025
0.0405

Заев вети студентски град во Скопје

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2016 14:58

Добивај вести на Viber

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со млади луѓе пред Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, пред кои ја претставил  мерката за студентскиот град во Скопје. 

Тоа ќе биде град со модерни архитектонски решенија за студентските домови, со инкорпорирани фитнес сали, кино сали, библиотеки, ресторани, и сето она што е од интерес на студентите. Се планира и воведување на бесплатниот интернет во студентските домови, но истовремено и студентската картичка за користењето на јавните услуги, како што е и превозот. 

„Зборуваме како државата ќе ги стипендира сите оние млади луѓе којшто сакаат да се дообразуваат, односно да одат на магистарски или на докторантски студии, но зборувавме и за студентските домови и сместување на младите луѓе, дека конечно дојде време, политичките партии да ги тргнат своите раце од сите органи и тела на младите, на студентите, за да може на еден транспарентен, непристрасен начин, секој да добие фер шанса за негово згрижување во студентските домови додека студира“ - вели Заев. 

Објасни  дека мерките што денеска ги презентирал пред младите се само еден мал од она што СДСМ го планира за нив. 

„Од домовите до универзитетите и факултетите, да дебатираме со младите како би можеле да ги презентираме и нашите решенија, но и ние политичарите да научиме нешто повеќе од нив“ - кажа Заев.

Смета дека овие решенија ќе помогнат младите да ја гледаат својата иднина во Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

МУ ПЛАТИЛА 6.700 ЕВРА, ПА ЗЕЛА И КРЕДИТ ОД 3.000 ЕВРА: Маж измамил скопјанка на социјалните мрежи ветувајќи и брак

МУ ПЛАТИЛА 6.700 ЕВРА, ПА ЗЕЛА И КРЕДИТ ОД 3.000 ЕВРА: Маж измамил скопјанка на социјалните мрежи ветувајќи и брак

ОЈО: Oтворена е истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

ОЈО: Oтворена е истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

ВРАБОТЕН ВО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ЧАШКА „ПОЗАЈМУВАЛ“ НАФТА ОД СЛУЖБЕНИТЕ КАМИОНИ: по апсењето, во домот му нашле и оружје

ВРАБОТЕН ВО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ЧАШКА „ПОЗАЈМУВАЛ“ НАФТА ОД СЛУЖБЕНИТЕ КАМИОНИ: по апсењето, во домот му нашле и оружје

Опозицијата со остра реакција: Началници ќе се поставуваат без полициско искуство

Опозицијата со остра реакција: Началници ќе се поставуваат без полициско искуство

„Не гледам потреба за организирање лидерска средба со Филипче“: Мицкоски за повиците повторно да се види со лидерот на СДСМ

„Не гледам потреба за организирање лидерска средба со Филипче“: Мицкоски за повиците повторно да се види со лидерот на СДСМ

Човек што треба да ги контролира директорите на М-НАВ бил член и на комисијата за вработување

Човек што треба да ги контролира директорите на М-НАВ бил член и на комисијата за вработување

Костадинов му се заблагодари на Мицкоски за парите за проектите: „Од срце му благодарам на мојот тим за посветената работа, но и на Владата и Премиерот“

Костадинов му се заблагодари на Мицкоски за парите за проектите: „Од срце му благодарам на мојот тим за посветената работа, но и на Владата и Премиерот“

Уапсената докторка од Битола примила поткуп од 100 евра

Уапсената докторка од Битола примила поткуп од 100 евра

Македонија и Обединетото Кралство потпишаа Декларација за стратешко партнерство

Македонија и Обединетото Кралство потпишаа Декларација за стратешко партнерство