Заев за Фактор: Силно ќе чукаме на портите на ЕУ оти како Македонци имаме што да кажеме на македонски јазик
Објавено во: Македонија 31 Декември, 2020 10:27
Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања во следната година.
За новата 2021 година веројатно ја делам истата желба, како и сите граѓани во нашата земја - здравје. И најголемата желба на премиерот Зоран Заев е поврзана со пандемијата. Посакува здравје оти како што вели останатото лесно се постигнува кога сме здрави. Во услови на турбуленции поради пандемијата, погодена економија, Заев апелира граѓаните да веруваат во вакцините кои според него се најдобриот начин да се справиме со предизвикот.
„Колку што 2020 година ќе остане во лошо сеќавање, толку не’ направи посилни бидејќи покажавме како држава и како народ дека знаеме да се справиме со глобален предизвик со историски размери. На професионален план сум горд што Владата при креирањето на антикризните мерки не дозволи никој да биде изоставен или заборавен. Пандемијата ги диктира предизвиците и во новата 2021 година.
За идната година Владата обезбеди средства и се вклучи во набавката на вакцини против КОВИД-19. Вакцините се можност да заштитиме животи и повторно да си го вратиме вообичаениот начин на живот. Можност да ја надминеме оваа здравствена криза. И затоа апелирам до сите граѓани да си помогнат на себеси, да им веруваат на научниците кои тврдат дека вакцината е најдобриот начин да се справиме и полека да го вратиме животот во вообичаениот тек, како пред појавата на пандемијата. Да им помогнеме на здравствените работници кои се хероите на ова време.
Како членка на НАТО и држава која е посветена на отстранување на блокадата од Бугарија со цел почеток на преговорите за членство во ЕУ, имаме обврска кон граѓаните да продолжиме на утврдениот пат. Во новата година, ништо нема да нѐ запре и силно ќе чукаме на портите на ЕУ затоа што како Македонци имаме што да кажеме на нашиот македонски јазик и затоа што заедно со нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите други, сме рамноправни со останатите европски народи.
Владата ќе продолжи со градењето на пријателство и меѓусебна доверба со сите наши соседи. Дома продолжуваме со процесот на европеизација во секој сегмент од нашето општество. Токму затоа, испративме јасен сигнал преку „Акција 21 – за европски стандарди дома” со која поставивме десет приоритети. Нивното исполнување значи подобар живот за секој граѓанин на Северна Македонија. Правда и ред, борба со корупцијата и криминалот, квалитетно здравство, повисок животен стандард, стабилни услови за бизнис и високо платени работни места, достоинствена социјална помош, здрава животна средина и т.н.
За новата 2021 година веројатно ја делам истата желба, како и сите граѓани во нашата земја: Здравје.
Се' друго лесно се остварува кога ќе го имаме најважното, здравјето.
Но, посакувам и секој од нас да го направи најдоброто за нашата земја.
Да почнеме со тоа што ќе ги празнуваме Новогодишните и Божикните празници како одговорни граѓани на безбеден начин во кругот на семејството. Да покажеме одговорност и да ги почитуваме препораките со цел да се заштитиме себеси и здравјето на нашите блиски.
На приватен план, празничните денови ќе ги поминам со семејството.
Во домашната атмосфера, со сопругата и децата, во Струмица ќе ги уживаме тие два-три дена во доволно време за да надоместиме дел од пропуштените разговори за темите што ни се блиски и важни за семејството.
Среќна нова, вели премиерот Зоран Заев за Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ИНАКУ, 20.000 ФУНТИ СЕ ОКОЛУ 2.000 ПРЕКРШОЦИ ОД ПО 51 КИЛОМЕТАР НА ЧАС“: Макрадули вели, наместо мигранти, да се намали брзината за казни на 25/26
„ВРЕМЕ Е БУГАРИТЕ ДА СЕ ВНЕСАТ ВО УСТАВОТ“: Најчевска вели тоа да е во замена за почеток на разговори за штетите од Бугарија од Втората светска војна
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ниту еден бегалски шатор нема да има, СДСМ ја отвори петицијата
СДСМ ја отвори онлајн петицијата за мигрантите, граѓаните се потпишуваат
Коцевски за анкетната комисија: Tреба многу да се внимава за да не се компромитираат докази и сведоци
Како ќе постапевте ако беше ваше дете во прашање - родителите од Кочани до власта
Митева: Владата му предлага на Собранието да го разреши од функцијата јавниот обвинител Љупчо Коцевски
Мицкоски: Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија





