25 Април, 2024
0.0307

Заев за „Та неа“: Не постои подобар договор за двете страни од Договорот од Преспа

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

 Под наслов „Потребна е политика, а не нови граници“, на насловната страница, викенд изданието на грчкиот весник „Та неа“ го пренесува интервјуто со македонскиот премиер Зоран Заев.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во опширното интервју премиерот Заев вели дека не постои подобар договор од актуелниот, изразува надеж дека пратениците ќе ја почитуваат волјата на граѓаните кои гласаа на референдумот. Потенцира дека е време Балканот од буре барут да стане извор на стабилност, а говори и за текот на преговорите, но и упатува порака до Грција дека сега имаме можност за историски успех како инвестиција за иднината.

Во пресрет на гласањето за уставните измени, премиерот вели дека исполнувањето на визијата за иднината на земјата, поддржана од мнозинството граѓани на референдумот, сега е во рацете на секој член на Собранието.

- Сите членови на Собранието, независно од нивната политичка поставеност, имаат историски долг во име на граѓаните да го обезбедат патот на земјата кон стабилност, безбедност и економски просперитет. Тоа е патот кон ЕУ и НАТО што поминува преку Договорот од Преспа. Очекуваме од членовите на нашето Собрание да донесат одлука во оваа насока, како доказ дека ја почитуваат волјата како на граѓаните кои гласаа на референдумот, така и на околу 80% од граѓаните кои одобруваат и континуирано бараат интеграција на нашата земја во НАТО и ЕУ, вели Заев и објаснува дека ако „пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжат да одбиваат да преземат одговорност и останат на нивните позиции кои што се закана за иднината на земјата, тогаш парламентарното мнозинство ќе гласа за предвремени избори“.

За резултатот од референдумот, Заев  вели дека гласаа над 660.000 граѓани од кои над 90% беа „ЗА“ и објаснува дека теоретски требаше да излезат на гласање 903 169 граѓани, од кои 451 585 да гласаат „ЗА“, а во конкретниот случај бројот на оние кои дадоа позитивен одговор е 609.813 граѓани.

- Зарем ова не е израз на волјата на граѓаните?!, се прашува премиерот во интервјуто.

На прашањето дали можеби големата поддршка од Запад имала бумеранг ефект, Заев вели дека е полесно да успееш кога имаш пријатели кои што те поддржуваат.

- Нивната желба да ја видат нашата земја како рамноправен партнер во големите сојузи е искрена и силна. Нашите пријатели од меѓународната заедница го поддржуваат процесот, потврдувајќи дека го признаваат идентитетот и нашето државно постоење и ова е израз на почит кон сите граѓани на нашата земја, објаснува Заев во интервјуто, пренесе МИА.

Извор: МИА/Фото: Влада

Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот