Заев застана на страна на Рашковски, лично ќе му се извини и на „Леонардо“
Објавено во: Македонија 03 Јули, 2019 15:15
Премиерот Заев нема да бара генералниот секретар на Владата Драги Рашковски да се повлече од функцијата. Тој застана во негова одбрана и рече дека нема да бара оставка бидејќи Рашковски ги исполнувал сите свои работни обврски, а и јавно се извинил за случајот.
Првиот човек на Владата вели дека не треба да бидат третирани како боксерски вреќи и да се прават салата.
-Случајот со „Леонардо“ го затекнавме кога дојдовме како Влада. Се работи за тендер што е завршен во 2016 година, но постапката до крај не е завршена. Тоа беше јавно, детално објаснето. Тужба како Влада, нема да поднесеме, но секој како физичко лице тоа може да го стори за да го заштити својот дигнитет и достоинство. Кога прифаќаме одредени функции свесни сме дека треба да бидеме под лупа на јавноста, но тоа не значи да бидеме и боксерски вреќи, некој да не прави салата- посочи Заев по пуштањето на контролниот центар за патарини во Петровец.
Тој лично ќе испрати писмо до „Леонардо“, со извинување од име на Владата. Тоа ќе го стори и кон ромската заедница во земјава.
– Италија е наш докажан пријател, а и на ромската заедница и даваме посебно место. Ја користам приликата за извинување во име на Владата, но истрагата ќе покаже дали случајот е монтиран. Верувам дека ќе има истраги и кривични постапки, истакна Заев.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




