Загрозени до 20.000 работници во туризмот
Објавено во: Економија, Корона Вирус 23 Мај, 2020
Ако корона кризата продолжи, голем број работници од туристичкиот сектор ќе останат без работа.
Станува збор за бројка од 4.000 до 20.000 работници. Тие ќе добијат откази доколку кризата со Ковид - 19 трае до крајот на оваа година. Ако заврши идниот месец, се проценува дека 12.000 работници би останале без ангажман.
Се бара субвенционирањето на платите да продолжи и во претстојниот период, работодавачите да се ослободат од исплата на К-15, безкаматните кредити да бидат во висина на прикажаните трошоци.
Загубите би изнесувале од 200 до 300 милиони долари.
Туризмот и во други земји е сведен на минимум, а загубите се огромни.
Турција се пожали на лошите податоци за посетеноста.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.