ЗАГУБИТЕ НА ВОДА НЕ СЕ ПОРАДИ ДЕФЕКТИ, 65 ПРОЦЕНТИ СЕ ГЛАВНО ПОРАДИ КРАЖБИ: Уште еден апел од Водовод
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2025 14:00
Ве известуваме дека во текот на вчерашниот ден (26.07.2025 год) согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода, ЈП Водовод и канализација – Скопје констатира повторно енормно зголеменаи неконтролирана потрошувачка на водата, која на дневно ниво изнесува околу 360.000 м3. Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот, информираат од Водовод и канализација.
„Имајќи го предвид фактот дека градот Скопје се снабдува со вода за пиење од природен извор со ограничена количина од непроценлива вредност, АПЕЛИРАМЕ до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени и сл.
Воедно и апелираме до органите на локалната самоуправа, согласно надлежностите, преку службите со кои располагаат, како и преку Месните заедници на територија на општините, да се ангажираат во подигање на свеста кај жителите на општините за рационално користење на водата за пиење.
Се укажува дека досега не се постапува соодветно за санкционирање на кражба на вода од другите институции кои имаат надлежност за тоа. Загубите на вода од 65 % не се поради дефекти, туку главно поради кражби преку нелегално приклучување на згради, куќи и др објект и користење на питка вода наместо техничка за полевање на земјоделски површини.
Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk или www.vodovod-skopje.com.mk
Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје“, велат оттаму.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




