Захариева вели дека македонскиот јазик е една од шесте норми на бугарскиот јазик
Објавено во: Македонија 18 Јули, 2022 14:44
Eкс бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева, вели дека во односите со Македонија, бугарскиот интерес е заштитен.
Според неа, таканаречениот „македонски јазик“ е преддокофициран бугарски литературен јазик.
„Ова е пишана регионална норма на една од шесте норми на бугарскиот јазик. Создаден е по 1945 година“, вели Захариева во нејзиното гостување во БНТ.
Захариева изјави дека не станува збор за признавање на македонскиот јазик од Бугарија, а јазичната формула веќе ја има во декларација од 1999 година, реафирмирана со договорот во 2017 година.
„Декларациите ќе бидат дел од целиот пакет. Не можеме да ги обврземе другите 26 земји во ЕУ да размислуваат како Бугарија, дека нема македонски јазик“, вели Захариева.
Таа тврди дека „нивните главни спорови со РСМ – за јазикот и за историската вистина“ ќе се решаваат во согласност со договореното.Можеби ќе ве интересира
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети




