18 Декември, 2025
0.0935

ЗАКАНА СО ГЛОБАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Бунтовниците ги зазедоа медиумите во Јемен

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2015 12:39

Добивај вести на Viber

Јеменската министерка за информирање, Надиа Сакаф, изјавила дека шиитски бунтовници од племето Хути ја зазеле државната новинска агенција и телевизија. Ваквиот чекор таа го нарекла „чекор кон државен удар“. Сакаф рекла дека бил изведен напад врз колона возила во која бил премиерот на Јемен. Хути и војската од раните утрински часови водат жестоки битки кои почнале со размена на оган во близина на претседателската резиденција во главниот град Сана. Судирите продолжиле иако претставниците тврдат дека бил постигнат договор за примирје. Очевидци за агенцијата „Асошиетад прес“ изјавиле дека на улиците имало гоилем број тела на загинати, дека се слушале истрели од митралези и дека паднале поголем број бомби околу претседателската резиденција, од каде се издигал густ црн чад. Во извештаите на телевизијата Хути Ал Масера се обвинува војската дека без причини отворила оган врз патрола од бунтовници во близина на палатата. Претставниците на јеменската војска изјавиле дека Хитите испровоцирале напад откако пришле кон положбите на војската и поставиле свои контролни пунктови. Министерката Надија Сакаф изјавила и претходно дека претседателот Абед Рабо Мансур Хади постигнал договор со бунтовниците  и дека во текот на денешниот ден ќе биде повикан итен состанок со своите политички советници и претставници на бунтовниците. Конвојот во кој бил и премиерот Халед Бахах бил нападнат кога тргнал на состанок со претставници на Хутите, но за сега не е познато дали премиерот е повреден. Хутите сочинуваат 30 отсто од жителите, а минатиот септември зазедоа големи делови од Јемен, вклучувајќиу го и главниот град Сана, во рамки на долготрајни борби за власт со Хади. Претходните денови Хутите го киднапираа шефот Хади во неговата канцеларија со цел, како што рекле, да го спречат планираниот состанок за новиот устав кој предвидува поделба на земјата на шест федерални региони.    

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“