ЗАКАНА ЗА РАСТИТЕЛНИОТ СВЕТ: Поради аерозагадувањето трајно ќе исчезнат некои билки
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2019 06:55
Поради аерозагадувањето, се јавуваат кисели дождови, кои ги уништуваат растенијата, и можат да ја загадат почвата.
Ваквите дождови, настануваат во индустријализираните места, но може да се прошират и во еколошки чисти места. Тие се погубни за растителниот свет.
„Кога ќе паднат тие кисели дождови, растенијата изгледаат како попарени. Тоа ги уништува растенијата, влијае на принос, на квалитет на род, и ние мислиме дека јадеме еколошки чиста храна, но тоа не е така“, вели професор по биологија.
Maтеј Гогоски, претседател на еколошкото друштво Енхалон од Струга објаснува дека досега дел од билките изчезнале поради загадувањето, но тука нема да застане процесот. Гогоски вели дека некои билки се поосетливи, а други се поотпорни на загадувањето.
„За некои билки доволни се две години да бидат изложени на загадување за да се уништат, да ги снема. Има растенија кои исчезнаа кај нас токму поради аерозагадувањето. Исчезнаа неповратно. Како што ние дишеме, така и растенијата дишат и за нив се многу штетни издувните гасови од автомобилите. Иако се зборува дека Скопје, Тетово, Куманово, се загадени, јас би рекол дека сите градови се загадени. Во Струга навечер се создаваат облаци од чад, од палење на депониите, така што и овде е загадено“, раскажува Гогоски.
Загадениот воздух ги закржлавува и ги суши билките.
Владо Матевски, ботаничар и биолог вели дека ако се зборува за аерозагадувањето, тоа треба да се врзува за одредено подрачје. Во урбаните средини каде аерозагадувањето е високо, нема автохтона флора, освен она што е засадено. Додава дека автохтона хлора во земјава има и на високите места, планини и врвови, на Кораб, Шар Планина, каде воздухот е чист. Но, Матевски вели дека во секој случај загадувањето негативно се одразува и на растителниот и на животинскиот свет.
Maкедонија, но и пошироко регионот имаат проблем со загадувањето.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето




