Закани по живот за претседателот на Сојузот на средношколци - погрешна слика лавина реакции
Објавено во: Македонија 10 Мај, 2022 09:12
Сојузот на средношколци во соопштение испратено до медиумите посочува оти по примените заканите по живот насочени кон претседателот преку коментари на социјалните мрежи ги пријавиле во Одделението за компјутерски криминал на Министерството за внатрешни работи. За случајот се информирани и ЗНМ, Советот за етика во медиумите, Меѓаши, УНИЦЕФ и Хелсиншкиот комитет.
- Имено, на 4 мај 2022 на Фејсбук страницата на „Кооперација.мк“ се појави сатиричен текст со наслов „САКАМ ДА СЕ УКИНАТ РАСПУСТИТЕ! САКАМЕ ДА УЧИМЕ !!!“ во кој, иако се велеше дека е изјава дадена од анонимен член на Сојузот, беше прикачена фотографија на нашиот претседател Лука Павиќевиќ од неговото најскорешно гостување на ТВ Сител. Самиот факт што истиот стана еден од најкоментираните и најсподелуваните текстови на порталот со над 34.000 прегледи, илјадници коментари, закани по живот, навреди и говор на омраза, пробуди одговорност да се огласиме на темата - пишува во соопштението на Сојузот на средношколци.
Од таму потенцираат дека станува збор за текст со сатирична авторска содржина напишана од автор на Кооперација.мк, а не вистинска изјава од било кој член на Сојузот на средношколци. Додаваат дека за текстот била поставената слика од Лука Павиќевиќ, поради што мнозинството читатели заклучиле дека станува збор за изјава од страна на член на Сојузот на средношколци, поконкретно самиот претседател.
- Ова доведе до голем број од негативни последици. Проблемот го согледуваме земајќи ги предвид импликациите врз достоинството на секој средношколец во државата. Со оваа наша објава, сакаме да се оградиме од каква било одговорност во врска со статијата на порталот „Кооперација.мк“. Ставот и барањата на Сојузот никако не се поврзани со конкретниов медиумски запис. Во тој поглед, сакаме да го искажеме нашето разочарување со личните напади, навреди и коментари директно насочени кон Лука Павиќевиќ и Сојузот. Сојузот е разочаран дека порталот не преземал ништо да ги отстрани коментарите со заканувачката содржина и што одлучил да ја употреби таа фотографија - потенцираат од Сојузот и дополнуваат оти ваквите ситуации дополнително ја докажуваат потребата за зголемена едукација и свест за медиумската писменост.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




