ЗАКАЖИ-ПРЕЗАКАЖИ: СЈО и МВР „се бркаат“ со прес конференции
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016
МВР и СЈО денеска се бркаат со прес конференциите кои ги закажуваат и презакажуваат.
Новинарските екипи во 11 часот беа извисени од заменик министерот за внатрешни работи Оливер Андонов кој заминал на службен пат во Тетово откаде што во после 12 часот ќе излезе на прес конференција.
Првичниот прес на Андонов беше закажан за во 11 часот во МВР.
И СЈО утринава ја презакажа најавената прес конференција за во 12 часот, откако првично беше закажана за во 11 .
Се очекува на истата специјалните јавни обвинителки да соопштат детали за новите истраги кои ги покренува таа институција и да информираат за вчерашниот претрес во УБК каде наидоа на опструкции и не соработка од страна на таа институција која ја обвинија дека не располага со технички ниту со човечки капацитет да одговори на судска наредба.