Заменик-директорот на ДЗС: Пописот не може да биде признаен ако го бојкотираат илјада луѓе
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2021 09:45
Хилми Селами, заменик-директорот на Државниот завод за статистика, синоќа во емисијата „Патот кон“ ма Алсат ТВ рече дека пописот како статистичка операција може да биде одложен доколку се почувствува тивок бојкот кај дел од македонското население.
- Имаме доволно време за подготовка за кредибилен попис. Но истиот можат да го одложат само две причини. Прво, не очекување, но евентуално влошување на состојбата на пандемијата и второ, тивкиот бојкот од страна на македонската опозиција. Ако вие не успеете да попишете поради тоа илјада или две илјади лица, пописот не е целосен, рече Селами.
Тој додаде дека во мултиетнички и мултирелигиозни земји лесно се политизира пописот како статистичка операција, но дека државата не треба да го дозволи тоа. Како пример покрај Македонија, ја даде и Босна и Херцеговина, но ја посочи и Белгија.
Според законот за попис на населението, кој вчера беше изгласан во Собранието, врзан потпис на резултатите треба да стават и Селами и директорот на заводот Апостол Симовски.
Селами реплицирајќи и на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, рече дека Методологијата за попишување не може да биде донесена пред Законот за попис затоа што е подзаконски акт.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




