Заменик министер платил 20.000 евра за ноќевање во Истанбул?
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2022 21:35
Албанскиот портал Ора њуз објави истражување за албански функционери кои се луксузирале во хотели, но меѓу нив имало и политичари од земјава.
Сметките за престој во хотели со 5 ѕвезди направија досието на поранешниот министер Арбен Ахметај да заврши во Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал.
Сомнежите се дека со кредитната картичка на Клодијан Зото биле резервирани хотели со пет ѕвезди во повеќе европски земји, чија вредност се движи од 2.000 до 3.500 евра за ноќ, пишува албанската Ора Њуз. .
Пријавата која стигна до „Ora Investigim’“ покажува дека слична ситуација имало и во Македонија.
Поконкретно, заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, престојувал една ноќ во претседателскиот апартман на „CVK Park Bosphorus Hotel“ во Истанбул.
За тоа сведочи видеотом кое Буши го направил во просториите на претседателскиот апартман, кој е со простор од 850 метри квадратни.
На ова видео јасно се гледа дека заменик министерот го снима ентериерот на луксузниот апартман.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




