ЗАМИНА „МАЈКАТА НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛКИ“: почина легендарната авторка на „Зоки Поки“
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2024
Почина Оливера Николова, една од најплодните и најзначајни македонски писателки. Таа е родена во 1936 година, во Скопје. Учела во Струга и Велес, а завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како драматург на радио и телевизија. Таа е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.
Попознати нејзини дела за деца се: „Зоки Поки“, „Земја во која не се стигнува“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1966), „Пријателите Бон и Бона“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1975), „Мојот звук“ (Награда 'Младо поколење',1978), „Девојките на Марко“, „Љубоболки“, „Шифри на каменот“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“, и други.
За специјални постигнувања во современиот израз на литературата за млади, во 1983 година ја добила Змаевата награда, а во 2024 година од Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, е одликувана со Орден за заслуги во културата.
Нејзини дела за возрасни се: Книгите раскази „Ден за летување и Лева комора“; комедијата „Сребреното јаболко“; книгата со драмски текстови под наслов „Сребреното јаболкo“. Романите: „Тесна врата“ (Награда 'Стале Попов',1983), „Домашни задачи“, „Тромбот“, (Награда Стале Попов 1998, којашто ја вратила), „Адамовото ребро“ (Награда 'Рациново признание',2000), „Вежби за Ибн Пајко“, „Куклите на Росица“ (награда 'Роман на годината' на Утрински весник, за 2004 год.), „Белиот чад“, „Куќичка“ (2012, номинирана за наградата „Балканика“ 2011), „Кадифената покривка - новелети за жени убијки“ (добитник на наградата 'Стале Попов' за 2015 г.), „Пешаци по црни полиња“ и „Песот со тажен поглед“ (награда 'Роман на годината' за 2019 год.).
Пред две години на свечениот настан, според многумина историски за домашната книжевност, беа промовирани десет тома со 12 реобјавени книги од творештвото за возрасни на Николова, во издание на „Арс Ламина“. Книгите, објавени под импринтот „Арс Либрис“, се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“.
Нарекувајќи ја „мајка на сите македонски писателки“ и „мајката на Зоки Поки“, со благодарност за трасираниот пат на жените-авторки, како и за нејзиното целокупно творештво и придонесот во нашиот јазик, проследено со долг аплауз и овации во преполното фоаје на Националната опера и балет, македонската книжевна сцена ѝ оддаде почит на легендарната писателка Оливера Николова. (30 март 2022)
Фото: Женски Магазин
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.