ЗАМИНА НАЈГОЛЕМИОТ ПРОТИВНИК НА ЕРДОГАН - почина Фетулах Ѓулен, водач на движењето „ФЕТО“
Објавено во: Свет 21 Октомври, 2024
Фетулах Ѓулен, еден од најголемите политички противници на Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, почина во САД.
Водачот на движењето ФЕТО и турски политичар почина на 83-годишна возраст.
Информации за неговата смрт пренесоа бројни западни медиуми, кои се повикуваат на извори од семејството. Според неофицијални информации тој починал поради кардиоваскуларни проблеми.
Ѓулен живееше во САД повеќе од две децении. Тој често беше мета на турските власти пред се затоа што е осомничен дека стои зад обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година.
# #Pennsylvania
— Journalite (@journaIite) August 3, 2024
#BREAKING: FETO ringleader Fetullah Gulen has allegedly died of a heart attack at his home in Pennsylvania. pic.twitter.com/IBqHN57RM1
После тоа, неговата организација ФЕТО беше прогласена за терористичка, а бројни поддржувачи беа прогонувани и во Турција и во странство. Според турските власти, структурата на Ѓулен е обвинета за воспоставување „паралелна структура“ во рамките на владата.
Fetullah Gulen, Leader of FETO, reportedly dies in Pennsylvania #FethullahGülenhttps://t.co/ib3Fg1dyLQ pic.twitter.com/2OK3tqzOuj
— ILKHA (@IlkhaAgency) October 21, 2024
Фото: Принтскрин/Твитер
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.