ЗАМИНУВААТ ВО СТРАНСТВО, АМА ОД АЈВАРОТ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ: Нашинците во Германија добиваат пратки со зимница од родителите
Објавено во: Македонија 06 Август, 2024 07:38
Многу македонски
семејства кои се иселиле во странство или се на привремена работа во некоја
европска држава, не се откажуваат од домашно подготвениот ајвар.
Родителите велат дека прават ајвар и праќаат на своите деца во Германија. Нагласуваат дека нашите граѓани во странство предност му даваат на домашниот ајвар, поради вкусот и квалитетот.
„Луѓето праќаат пратки, подароци, облека, секој според потребата. Сега кога ќе почне есента, праќаат и ајвар. Сумата се наплаќа од пакет. До Германија носиме пратки. Може да се случи да отиде тура за Германија и да нема ниту една пратка, но се случува па следен пат да има по две – три пратки. Дефинитивно Македонците во странство не се откажуваат од нашиот ајвар. Сирење поретко праќаат, затоа што на граница има ограничувања. Трае ова веќе неколку години. Еднаш неделно имаме тура или еднаш месечно, зависи од перидот. Обично ајварот го прават родителите, за децата и внуците. Дел од муштериите се ценкаат за пратките, а ние мора да балансираме за да имаме работа“, велат компанија за превоз на патници и пратки од источна Македонија.
Се случува жители на еден град, да отидат до соседен град за да испратат пакет чија крајна цел е Германија.
„Точно е дека луѓето од ајварот не се откажуваат. Кога ќе почне сезоната на ајвар, праќаат во Германија. Испраќаат пратки во повеќе германски градови. Може да има и по 30-40 тегли во една пратка. Во есенските месеци има наплив. Откако се исели повеќе народ, веќе 4-5 години имаме такви пратки. Тука се останати повозрасните, но има и цели фамилии таму. Не се откажуваат од македонската храна, тоа тешко да се искорени и тоа е убаво, ако не живеат тука, барем нека јадат македонска храна. Кон крајот на септември очекуваме дека ќе има пратки со зимници“, велат од струмичка компанија.
Во некои македонски градови има повеќе превозници кои сообраќаат до градовите во Германија каде имаме голем број гастербајтери.
„Претежно превозниците од источна Македонија го практикуваат тоа разнесување на пратки“, додава превозник од Скопје.
Ајварот е македонски специјалитет со долга традиција кој е задолжителен на македонската трпеза. Многу македонски граѓани во потрага по подобар живот се преселија во Германија и во други развиени европски земји со подобар стандард. И електронскиот попис од 2021 година, покажа дека Македонци има насекаде низ светот, а големи заедници има во Германија, Швајцарија, Италија, Австрија. Тоа се илјадници луѓе кои од Македонија отишле во овие земји за подобар живот.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




