19 Декември, 2025
0.0559

Замрзнат е работниот статус на полициските службеници од истрагата за пожарот во „Пулс“

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2025 13:43

Добивај вести на Viber

Во мирување им е работниот однос на полициските службеници кои беа опфатени со истрагата за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Јавното обвинителство е органот којшто е надлежен да постапува во овој дел, а истрагата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал сѐ уште не е завршена и тоа одлучува, преку судските органи за статусот на полициските службеници. Во рамки на функционирањето во Министерството за внатрешни работи, нивниот статус е замрзнат, односно во рамки на овој временски период ќе бидат оддалечени од вршење на функција во рамки на тековното функционирање, истакна министерот Тошковски.

Во врска со барањето на родителите на починатите во пожарот за одговорност од МВР, Тошковски смета дека тие имаат легитимно право да бараат одговори од институциите.

Она коешто требаше да бидат сторено од Министерството за внатрешни работи, како институција, е сторено. Во рамки на целокупниот временски период сметам дека ѝ покажавме на македонската јавност и на македонските граѓани дека можело и поинаку да се работи, покажавме дека може да се работи неселективно. И покрај сите обвинувања, покажавме дека можеме да имаме еден нормален пристап кон работите и покрај сите обвинувања од страна на опозицијата. Покажавме дека без оглед на име и презиме, без оглед на кој инволвирал, кој бил близок со некого или кој не бил близок, дека Министерството за внатрешни работи знае да постапува професионално и никогаш нема да дозволи за оние за коишто има докази, за оние за коишто има услови на сомнение доведено на одредени ниво, да не процесуира постапка. Тоа го докажуваме на дело, не знам по кој пат во рамки на мандатот на оваа Влада, и ќе продолжиме да го потврдуваме во иднина, за разлика од претходно, изјави министерот Тошковски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот