ЗАМРЗНАТА ЧЕКА ЛЕК: Мозокот на ова девојче е замрзнат и складиран во резервоар!
Објавено во: Мои пари 19 Април, 2015 12:51
Материн Ноаваратпонг (2) од Тајланд стана најмладата личност на светот која криогено е замрзната со надеж дека лекарите ќе и го излечат туморот на мозокот.
Болеста и е дијагностицирана кога родителите, и двајцата лекари по професија, минатата година итно ја однеле во болница во Бангок бидејќи не се разбудила.
Лекарите и откриле 11 цм дол тумор и со операција ја отстарниле едната половина. После операцијата, на родителите им е кажано дека шансите девојчето да се разбуди од кома се многу мали.
-Одлучивме да се бориме против ракот - рекол нејзиниот татко Сахаторн Ноаваратпонг.
Следните неколку месеци девојчето ги поминало во низа операции во текот на кои изгубило 80 одсто од левата страна на мозокот. И покрај тешката борба, ракот се проширил на целиот мозок.
Пред донесувањето на одлуката за исклучување на девојчето од апарати семејството ја контактирало Алкор организацијата за продолжување на животот. Станува збор за една од најголемите организации кој нуди услуга на криогено замрзнување.
Директорот на организациајта, Ајрон Дрејк ја прифатил Материн како пациентка.
Се надеваа дека нивната двегодишна ќерка ќе биде префрлена во нивата болница. За жал, нејзината здравствена состојба од ден во ден се влошувала и два дена пред предвидениот лет за САД е ставена на респиратор, што ја елиминирало можноста за патување со авион.
Пораи тоа биле присилен процедурата да ја направат на Тајланд пред праќање на нејзиното тело во Америка. Мозокот на девојчето е изваден и складиран во резервоар од нерѓосувачки челик исполнет со течен азот. Нејзиното тело е замрзнато и во таква состојба ќе биде се додека не биде пронајден лек и начин за нејзино целосно опоравување.
-Било потребно големо логистичко планирање, но ние сме многу задоволни со резултатите -изјавил Ајрок Дрејк.
Таткото на Материн порачал дена телото на неговото девојче е замрзнато во Аризона и го чека доаѓањето на новите технологии.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




