Занаетчиите сакаат субвенции за плата: Пекарите, козметичарите и фризерите ќе работат и во недела
Објавено во: Економија 08 Февруари, 2021
Ако не се одобри мерката за финансиска поддршка за плати многу занаетчии ќе останат без финансии и нема да бидат во можност да ги одржат бизнисите активни во наредниот период и да ги задржат вработените, велат од Занаетчската комора на град Скопје.
Оттаму тврдат дека голем дел од занаетчиите не можат да аплицираат на бескаматните кредитни линии на Развојна банка на РСМ затоа што, поради кризата работеа со загуби и не ги исполнуваат условите за аплицирање на повиците, а паушално оданочените занаетчии се исклучени како можни апликанти во повиците за бескаматните кредитни линии.
Претседателот на Занаетчиската комора Скопје, Горан Ристовски, вели дека сите занаетчиски дејности имаат проблеми во функционирањето. Најмногу долгогодишните проблеми со кои се соочува занаетчискиот сектор е сивата економија која што претставува реален проблем на легално регистрираните занаетчии.
„Само со координирани конкретни активности кои ќе се преземат од надлежните институции, формализација на нерегистрирано вршење на дејност, и конкретна стратегија за намалување на сивата економија ќе доведе до конкретни резултати, вели Ристовски.
Во однос на законското решение за недела како неработен ден доставено е мислење до надлежните институции за занаетчиски дејности кои едноставно не можат да не ја вршат дејноста во недела поради природата и видот на услугите кои ги вршат. На пример фотографи, козметичари, фризери, цвеќари, забавни игри и други занаетчиски дејности вршат дејност и во недела, затоа што побарувачката на нивните производи и услуги го диктира денот недела како неопходен за вршење на дејност.
Засегнати се и занаетчиите кои вршат пекарска, слаткарска дејност, кетеринг услуги и достава на храна затоа што треба да влезат во листата на дејности кои согласно новото законско решение ќе можат да вршат дејност и во недела.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.