18 Декември, 2025
0.0371

Западните санкции се механизам за системски притисок врз Русија, вели Захарова

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2025 18:50

Добивај вести на Viber

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија е уверена дека западните санкции не се привремени или целни мерки, туку механизам за системски притисок врз Москва.

Таа нагласи дека западните земји, нивните сојузи и нивните поврзани сателити водат агресивна кампања против Русија.

- Целта е отворено декларирана: финансиска и технолошка изолација, поткопување на перспективите за долгорочен социоекономски развој и нанесување максимална штета на граѓаните со цел дестабилизација на внатрешнополитичката ситуација. Веруваме дека санкциите не се привремени или целни мерки, туку механизам за системски стратешки притисок врз нашата земја, наведе Захарова на маргините на форумот „Произведено во Русија“.

Таа додаде дека Западот се обидува да воведе секундарни санкции против суверени држави „обидувајќи се да ги казни поради соработка со Русија, поради фактот дека земјите ги бранат своите национални интереси.

Според неа санкциите станаа реалност во глобалната економија.

- Глобалната економија стана фрагментирана, а оние кои претходно се залагаа за отворени граници и отстранување на разни бариери се вратија на блоковскиот пристап, посочи Захарова.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје