Запалено тело на жена во Кичево, бизарна несреќа или убиство
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2016
Вчера во Кичево е запалено тело на жена на местото „Китино кале“, а случаен минувач кој ја забележал пријавил во полиција. Екипа на противпожарната служба го изгасила огнот на телото, но потоа медицинскиот персонал можел само да констатира смрт бидејќи жената не покажувала знаци на живот.
Засега нема информации дали жената е запалена додека била жива и дали настанот има насилен карактер, ниту пак кои би биле мотивите за такво нешто.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кичево. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција. – Се утврдува идентитетот на лицето и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, изјави портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.