ЗАПОЧНА КАМПАЊАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ПРАВАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ
Објавено во: Мои пари 21 Декември, 2014 13:48
„Денеска започнуваме една конкретна активност од областа од областа за заштитата на потрошувачите, каде во едно од најфреквентните места во Скопје ќе поделиме околу 10.000 едукативни летоци, каде има информации за основите права на потрошувачите, како и контакти и податоци на институциите кои се одговорни да реагираат при конкретни повреди на нивните права“, рече на почетокот на кампањата претседателот на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје и член на Советот на Град Скопје, Марјан Додовски.
Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева изјави дека Советот на Град Скопје дава поддршка за активностите за заштита на потрошувачите, каде како конкретни мерки досега се издвојуваат креирањето на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје, носење на Програма за работа на Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје, носење на акциони планови за работа на ова тело.
На почетокот на кампањата присуствуваше и претседателот на Организација на потрошувачите на Македонија, Маријана Лончар Велкова која изјави дека оваа конкретна активност е во насока на информирање на граѓаните, бидејќи тие како потрошувачи имаат право да бидат запознаени со нивните права и начини наостварување на истите.
Кампањата за промоција на правата на потрошувачите „Сите сме потрошувачи” е во организација на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје, која се реализира во соработка со Организација на потрошувачите на Македонија.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




