10 Декември, 2024
0.0258

Започна со 4 вработени, а денес е најголем брокер на пазарот на осигурување – СН Осигурителен Брокер овој декември одбележува 7 години постоење

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

СН Oсигурителен брокер АД Битола овој декември одбележува7 години од основањето, период во кој компанијата се искачи и задржа на лидерската позиција меѓу брокерските друштва во државата.

Успешната приказна на СН Осигурителен Брокер АД Битола започнa на самиот крај на 2014 година, предводена од Христо Кондовски и Зоран Пејчиновски како извршни директори на СН Осигурителен брокер АД Битола, а поддржана од страна на уште пет акционери, докажани претприемачи во областите во кои работат.

Резултатите во изминатите седум години покажуваат дека компанијата „чекори“ во вистинска насока, оценуваат првите луѓе на СН Осигурителен Брокер АД Битола.

„Од формирањето до денес компанијата бележи континуиран раст. Во овие 7 години низ целата територија на државата се отворија 40 подружници со мрежа од 134 вработени, професионалци од различни области, со што „СН Осигурителен брокер АД Битола“ претставува најголем осигурителен брокер во државата по основ на бруто полисирана премија, број на вработени, број на подружници и реализирани штети. СН Осигурителен брокер е компанија посебно фокусирана на потребите на клиентите. Тоа е однос кој се темели на меѓусебна доверба и партнерство.“-вели Главниот извршен директор Зоран Пејчиновски.

Бројот на клиенти на компанијата расте секоја година. Позитивните резултати, што СН Осигурителен Брокер АД Битола ги постигнува во континуитет во текот на овие седум години се одраз на експертизата и балансираното управување со фирмата, посветеноста и придонесот на целиот тим. СН Осигурителен Брокер е синоним за квалитетна, ефикасна и брза услуга за целосниот спектар на услуги кои што ги нуди и постојано инвестирање и вложување во нови знаења и обучување на нашиот млад професионален и перспективен кадар кој посветено се грижи за клиентите.“-посочува Пејчиновски.

Покрај Пејчиновски и Кондовски, првите вработени во СН Осигурителен Брокер во декември 2014 година беа Николина Таневска и Александра Кулевска, кои денеска со задоволство се сеќаваат на почетоците на компанијата и ентузијазмот со кој започнале, а за кој велат дека сега е уште поголем бидејќи успесите даваат мотив повеќе.


„СН Осигурителен Брокер АД Битола ја познава и постојано ја следи понудата и побарувачката за осигурување на пазарот, така што се фокусира да создава иновативни решенија и услуги се со цел да им го понуди најдоброто на клиентите, бидејќи нивното задоволство и лојалност се нашиот поттик и инспирација.“-вели м-р Николина Таневска, втор извршен директор на СН Осигурителен брокер АД Битола.

„Лидерската позиција се должи на нашата активна вклученост во донесувањето на законски мерки и начинот на обештетување на осигурениците, како и нивно целосно информирање. Фунционираме одлично бидејќи секогаш сме на страната на клиентите, избираме добро и соодветно осигурување за нив, а најважно е што сме дел од секој процес на осигурувањето, конкретно од давање на понуда до исплата на обештетување. Осигурителните брокери се вистинскиот начин секој да дојде до добро и соодветно осигурување. Со нас осигурениците добиваат вистински партнер.“-вели Александра Кулевска, раководител на експозитури и администрација во СН Осигурителен Брокер.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Светот на Дедо Мраз пристигна во Дајмонд Мол!

Светот на Дедо Мраз пристигна во Дајмонд Мол!

Инженери од МАКО СИГРЕ ја посетија биогасната електрана Сарамзалино

Инженери од МАКО СИГРЕ ја посетија биогасната електрана Сарамзалино

„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол: Усогласувањето со ЕСГ стандардите е наша стратешка определба за современ развој и напредок

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол: Усогласувањето со ЕСГ стандардите е наша стратешка определба за современ развој и напредок

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија