Добивај вести на Viber
АККРА, првата онлајн академија за кариерен развој во земјава, овој месец започна со работа. Како што стои во соопштението од Академијата, идејата за ваков смел потфат произлегла од зголемената потреба на населението за онлајн “прва помош“ обука, учење, односно ефективно надоградување на знаењето и вештините.
„Во време кога презафатеноста стана главна карактеристика на луѓето, а високите барања основа за успех, одлучивме да им излеземе во пресрет нудејќи квалитетни услуги за секого“, велат од АККРА.
Како дел од наставата овде се нуди совладување на странските јазици, работа со компјутери, изучување на бизнис и комуникациски вештини, а најголемата предност се состои во тоа што посетителите сами си го одбираат времето за изучување на предметите.