19 Декември, 2025
0.0441

Започнете онлајн продажба со услугата за E-трговија на НЛБ Банка

Објавено во: Мои пари 29 Мај, 2020 17:55

Добивај вести на Viber

Пандемијата, која го зафати скоро целиот свет, ги промени навиките и однесувањето на поединците, но  и работењето на компаниите. Во новонастанатите услови луѓето се почесто се одлучуваат да пазарат од дома користејќи ги бенефитите на Е-трговијата која стана топ тема во текот на овие неколку месеци. НЛБ Банка како дел од сетот мерки и услуги кои ги стави на располагање за олеснување на последиците од пандемијата е и бесплатното користење на платежната платформа за E-трговијакако услуга која овозможува врвно корисничко искуство и висок степен на безбедност при користење.

Се работи за иновативна алатка наменета за сите правни лица и трговци кои сакаат да се во тек со современите дигитални трендови и имаат желба и можност да го прошират својот канал на продажба и да отворат своја интернет продавница кој е достапна 24/7. Услугата на НЛБ Банка за Е-трговија  е достапна без трошоци за приклучок и без трошоци за месечно одржување во првите 6 месеци за сите нови клиенти.

„Изминатите неколку месеци бевме сведоци како потрошувачите беа принудени драстично да ги променат нивните навики при купување. Свесни сме дека електронската трговија може да помогне во зачувување на работните места за време на кризата. За многу ресторани кои мораа да се затворат за време на пандемијата, услугите за онлајн испорака станаа вистински спас. Во голем број случаи, Е-трговијата создаде нови економски можности. Ние сме тука да ги стимулираме овие можности за нашите клиенти и да ги направиме лесно достапни и поволни и што е најважно да имаат 24 часовна професионална поддршка и одржување на оваа услуга.“, велат од Банката.

Она што ја прави оваа платформа современаи иновативна се низа функционалности како што се:  поддршката за безбедно зачувување на картичните податоци, иницирање на повторливи плаќања, едноставна интеграција со мобилни апликации и други.

Таа нуди врвна безбедност во плаќањето и функционира во целосна согласност со најновите безбедносни стандарди за сигурност на картичното плаќање  пропишани од страна на Visa и МasterCard.

Повеќе информации во врска со оваа услуга може да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/15 – 600 или на следниот линк

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка