15 Јануари, 2025
0.0277

Започнува берзанското тргување со електрична енергија во Македонија, познати првите 20 учесници

Објавено во: Економија 09 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Утре за прв пат со работа ќе започне Македонската берза на електрична енергија, која ќе биде имплементирана и водена од Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ – Скопје. На почетокот берзата на електрична енергија ќе се одвива во границите на земјава и ќе биде по принципот ден-однапред. Досега струја се купуваше само преку тендери и билатерални договори. Овој тип на пазар се очекува да донесе посигурно снадување со струја за големите потрошувачи, поправични цени, помали загуби и поголема транспарентност.

Од МЕМО за „Фактор“ велат дека досега се регистрирани 20 компании-учесници, кои имаат можност да отпочнат со тргување на 10 мај. Станува збор претежnо за снабдувачи со електрична енергија, а меѓу нив се и ЕСМ Продажба, фирмата која купува и продава електрична енергија за најголемиот домашен производител, а тука е и операторот за пренос на електрична енергија МЕПОСО.

Меѓу 20-те учесници се и словенечкиот снабдувач ГЕН-И, како и инвеститорот од истата земја - Интеренерго, кој во последно време гради ветерени и соларни паркови во Македонија. Ќе тргува и скопската гасна централа АД ТЕ-ТО и фирмата за тргување РЕС, каде што сопственички удел има поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев. 

Ќе учествува и британскиот снабдувач и инвеститор ЕФТ, како и ЕДС, компанијата на грчкото електростопанство. На листата е и Енерџи Активе, која исто како и ЕДС, е една од најголемите компании кои ги снабдуваат со електрична енергија државните институции и редовно учествуваат на распишаните тендери. Пријавена за тргување е и ЕТМТ Енерџи, компанијата позната и по тоа што купува и продава струја за ЕСМ. Ќе учествуваат и ОКТА и Макстил, компании инаку со друга приоритетна дејност во своето работење, како и двете фирми-ќерки на ЕВН - Снабдување и Електрани.  Останатите се Универзал Енерџи, АОТ Енерџи, Елнор, Дуферко и Sentrade.

- Има 20 учесници и системот е подесен, односно се е подготвено за тргувањето да започне онака како што треба. Тргувањето во првиот ден ќе заврши околу 10.45 претпладне, а резултатите, односно цените, ќе бидат објавени околу 13.00 часот, вели Симон Шутиновски, директорот на МЕМО, фирма-ќерка на МЕПСО.

Според него, конечно ќе добиеме референтна цена на струјата, која сега се пресметува според унгарската берза ХУПЕКС, што инаку е поразлична од онаа цена која би била во Македонија. Официјалното заживување на проектот за домашна Берза на струја, почна со промената на Законот за енергетика во 2018 година, со што беше формално целосно либерализиран пазарот на електрична енергија и законодавството беше прилагодено со третиот енергетски пакет на европското законодавство.

А:К.

Можеби ќе ве интересира

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

КОЈ Е ЖАН ЈИМИНГ, ВИЗИОНЕР ШТО ГО ОСНОВАШЕ ТИК-ТОК - тој е најбогатиот Кинез, има 49,3 милијарди долари

КОЈ Е ЖАН ЈИМИНГ, ВИЗИОНЕР ШТО ГО ОСНОВАШЕ ТИК-ТОК - тој е најбогатиот Кинез, има 49,3 милијарди долари