Запознајте ја жената која ја зема највисоката плата во автомобилската индустрија
Објавено во: Финансии 07 Април, 2017 12:24
Најплатениот раководител во автомобилскиот сектор е генералниот директор на General Motors Мари Бара, која во 2016 година ja заработила сумата од 22,6 милиони долари, пренесува агенција CNN Money. Година порано таа се здобила со 21% помалку. Причина за ова се приходите од акции.
Мари Бара станува генерален директор на GM во 2014 година. Таа е првата жена која се најде на врвот големиот автомобилски концерн. Уште со назначувањето, таа станува највлијателната дама во автомобилската индустрија. Во 2015 година Бара спаѓа во листата Топ 50 најважните светски лидери, и го зазема 9 место во листата.
Шефот на Ford Марк Филдс се реди на второ место на листата со највисоко платените лидери во автомобилската индустрија со годишна плата од 22,1 милиони долари за 2016 година. Во топ 3 се наоѓа уште и генералниот директор на Fi at-Crysler Automobile (FCA ) Сержио Маркионе со 10,6 милиони долари.
Меѓу најдобро платените менаџери на компании од автомобилската индустрија е и лидерот на Volkswagen Матијас Милер, кој е четврти на листата со годишна плата од 7,3 милиони евра.
Шефовите на јапонските автомобилски производители земаат во пати помалку од своите американски и европски колеги.
Најниско платениот во индустријата е шефот на Telsa Илона Муск. Во 2015 година е последната објавена негова плата - 38 000 долари годишно. Сумата е еквивалентна на минимално задолжително плаќање според законите на државата Калифорнија за 80-часовна работна недела, пишува AutoMedia.bg.
Илона Муск сепак поседува 33,6 милиони акции во Tesla кои се проценуваат на 10 милијарди долари. Тоа го прави најбогатиот шеф на автомобилска компанија во светот во моментот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





