ЗАПОЗНАВАЛ ЖЕНИ ОД БИТОЛА ПРЕКУ ФЕЈСБУК, А ПОТОА ГИ КРАДЕЛ ИЛИ СО ИЗМАМИ ИМ ГИ ЗЕМАЛ ПАРИТЕ - еве што му текнало на еден пробиштипјанец
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2022 10:39
Како ли нема да им текне на измамниците да дојдат до пари. Го користат и фејсбук за да започнат љубовна врска и да ги измамат своите партнерки.
„На 28.07.2022 во 09.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициска станица Пробиштип го лишиле од слобода Д.М.(31) од Пробиштип. Тој се сомничи дека во периодот од мај до јули оваа година, по запознавање со две жени од Битола на социјалната мрежа Фејсбук и по започнување љубовна врска со нив, кај едната извршил кражба, а другата ја измамил за сума од 6.500 евра и 72.000 денари, за што беше пријавено на 27.07.2022.
Тој бил спроведен и задржан во СВР Битола и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението од Полицијата.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




