ЗАРАЗА ВО МЕКДОНАЛДС, ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА: Компанијата повлече сомнителни хамбургери во петтина од своите ресторани
Објавено во: Свет 24 Октомври, 2024
Синџирот за брза храна Мекдоналдс ја повлече продажбата на познатите Quarter Pounderхамбургери во една петтина од своите ресторани
во Соединетите држави, откако по избувнувањето на инфекцијата со ешерихија
коли, од која, по конзумирањето на тој хамбургер, заболеле речиси 50 луѓе во 10
држави, а еден починал.
Портпаролот на Мекдоналдс во средата изјави дека синџирот за брза храна продал околу милион од тие хамбургери во временската рамка кога се појавила болеста, објави CBS News.
Компанијата верува дека повеќе луѓе би се разболеле доколку контаминацијата дојде од месото, односно од самите плескавици, додавајќи дека за тоа може да биде виновен кромидот што се користи.
Американските центри за контрола и превенција на болести во вторникот ги поврзаа бургерите Quarter Pounderсо избувнувањето на епидемијата, што е пријавено во Колорадо, Небраска и други држави.
Повеќето од оние кои се разболеле пријавиле дека јаделе токму таков хамбургер, а инспекторите работат на тоа да потврдат која состојка на храната била контаминирана.
Мекдоналдс соопшти дека неговите хамбургери се готват на 175 степени, над нивото од 160 степени потребно за да се убие Ешерихија коли, но сепак компанијата веќего исфрли кормидот кромид и говедското месо од хамбургерот Quarter Pounder, од своите локации во Колорадо, Канзас, Јута, Вајоминг и делови од Ајдахо, Ајова, Мисури, Монтана, Небраска, Невада, Ново Мексико и Оклахома.
фото: EPA-EFE/Bagus Indahono* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.