ЗАРАЗАТА ЗЕМА ЗАМАВ: Градоначалникот на Москва нареди задолжително вакцинирање
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Јуни, 2021
Градоначалникот на руската престолнина Москва Сергеј Собјанин, денеска нареди задолжително вакцинирање против коронавирусот.
Ова се однесува за сите вработени во услужниот сектор. Тој објаснува дека треба да се спречи смртта на илјадници луѓе со имунизација.
Цела оваа недела ја прогласи за неработна поради зголемениот број на заразени со коронавирусот. Во Москва сега се хоспитализирани 12.000 луѓе. За едно деноноќие во Русија се регистрирани 13.397 новозаразени и 396 починати од коронавирус. Во Москва, има 5.782 заразени лица, а 75 починале. Најавата на Москва за задолжителна вакцинација против коронавирусот е прва во Русија и е во спротивност со изјавите на претседателот Владимир Путин, кој кажа дека се противи на присилната вакцинација.
Во Москва која има околу 13 милиони жители, вакцинирани се само 1,8 милиона лица.
Русија е шеста во светот по бројот на ковид случаи. Во земјата се потврдени над 5.2 милиони случаи на коронавирусот.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.