Заразената докторка држела и предавања, имала контакти со околу 300 луѓе
Објавено во: Македонија 09 Март, 2020 13:50
Директорката на Клиника за дерматологија за која е потврдено дека е позитивна на вирусот Ковид-19 викендов, поточно во саботата, држела предавање на тема „Дермоскопија немеланомски карциноми на кожа“ во ресторанот „Рагуса 360“ во Скопје, објави Мкд.мк.
Директорката претходно цела недела доаѓала на работа, а се вратила од ризичен реон во Италија и не се пријавила. Медиумот објавува дека била на скијање во Алта Бадиа, но и дека по доаѓањето се поздравила со колегите.
Министерот Венко Филипче денеска рече дека е разочаран, но дека за среќа таа не работела во амбуланта минатата недела. Сепак Клиниката за дерматологија во Скопје е целосно затворена, целиот медицински персонал веќе е во изолација, се вршат тестирања, пациентите што можат да го продолжат домашното лекување се дома, а оние што не можат, се префрлаат во други здравствени установи.
Се тврди дека таа во меѓувреме имала контакти со околу 300 луѓе


Филипче рече дека ќе има санкции но дека не може да ја разреши затоа што е предизборен период.
Претходно информираше за деталите околу коронавирусот кај заразената докторка.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




