06 Октомври, 2024
0.0257

Жарко Луковски повеќе не е претседател на МТФ, Алек Теранова го менува

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Жарко Луковски, поранешниот главен извршен директор на Телеком, повеќе не е претседател на Македонската тениска федерација, потврдија од таму за „Фактор“. Тој нема ниту да биде член на Управниот одбор. На негово место запишан е Александар Ивановски, познат во јавноста како Алек Теранова, управителот на „Дивелоп груп“.

Луковски беше овластено лице на Македонската тениска федерација, која покрај организирањето и развојот на овој спорт во нејзиниот делокруг се и дејностите се трговија со спортска опрема во специјализирани продавници, работа на спортските објекти, спортско образоване и друго.

Менаџерскиот договор на Луковски со Македонски телеком заврши во 2017, а беше на највисоки раководни позиции во компанијата од 2006 година. Во 2010 година назначен е за Главен извршен директор на Т-Mobile Македонија, а во 2015 за Главен оперативен директор на Македонски Телеком.

Луковски до сега е познато дека на два пати даваше исказ како сведок во Обвинителството за гонење организиран криминал за случајот „Рекет“.  Во случајот „Рекет“ името на Луковски беше спомнато во разговорите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“. 

Истрагата под кодно име „Базни станици“, беше иницирана во октомври 2018 година од страна на Специјалното јавно обвинителство и се уште е отворена. Осомничен за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на „Бетон“ АД Скопје, а на штета на акционерите на Т-мобиле, меѓу кои, и државата. 

Луковски важеше за човек близок со високото раководство на ВМРО- ДПМНЕ, а негов кум е Сашо Мијалков. Се најде и на листата помилувани кај поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил