08 Октомври, 2024
0.0260

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Пеколните темеператури може да предизвикаат топлотен удар

Објавено во: Македонија 13 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Уште денес земјава ќе биде со портокалово ниво на опасност од високите темератури и воокото УВ зрачење. Управата за хидрометеоролошки работи најавува за денес максимални 41 степени целзиусови.

Надлежните и лекарите апелираат да се заштитат граѓаните и да ги почитуваат препораките од надлежните за високите температури.

Лекарите велат дека поради портокаловата фаза и тропските горештини се зголемени телефонските јавувања во итната медицинска помош, граѓаните браат совети но има и луѓе кои колабирале па им е потребна медицинска помош, затоа апелираат до граѓаните да не излегуваат на отворено доколку немаат итна потреба во периодот од 10:00 до 18:00 часот, да носат светла и лесна облека, исто така да носат очила за сонце и шапка, граѓаните да избегнуваат тешка и мрска храна, да се консумира повеќе овошје и зеленчук и да се пијат повеќе течности, а најмногу вода.

Граѓаните при влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка. И со себе граѓаите да носат шише со минерална вода за пиење.

Хронично болните лица да ја примат редовно терапијата препишана од лекар, а трудниците и ранливите категории на граѓани да бидат ослободени од работа во деновите кога зејата е в портокалова фаза.

И од Дирекцијата за заштита и спасување излегоа со препораки до граѓаните. Покрај основните препораки за однесување во вакви услови, согласно Законот за заштита и спасување, презема и мерки и активности за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор.

Воедно, ДЗС апелира до Локалната самоуправа, граѓаните и посетителите на Република Северна Македонија, да внимаваат кога се на отворено и да не се фрлаат цигари и догорчиња; да не се фрла стаклен отпад и стаклени шишиња; да не се пали оган и скара на отворен простор и шума; да не се дозволува на децата да си играат со запалки, пламен и жар: да не се пали отпад и друг горлив материјал; да не се палат стрништа и меѓи, имајте на ум дека почетниот пожар може да се изгасне со една чаша вода;

Ако граѓаните забележат пожар веднаш да се извести Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.

Во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, веќе се преземени превентивни мерки, од март донесена е забрана за движење во шума и шумско земјиште освен за вработените во ЈП национални шуми. Забраната ќе трае се до нејзиното отповикување.





Можеби ќе ве интересира

СУМ РАБОТЕЛ ОД СОБИРАЧ НА ПИКАВЦИ, ДО ПРАВЕЊЕ ЗДЕЛКИ ОД СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА, СО НАЈГОЛЕМИОТ КРЕМ ОД ЕВРОПА: Мицкоски вели дека од професорска плата немаше да направи таква куќа

СУМ РАБОТЕЛ ОД СОБИРАЧ НА ПИКАВЦИ, ДО ПРАВЕЊЕ ЗДЕЛКИ ОД СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА, СО НАЈГОЛЕМИОТ КРЕМ ОД ЕВРОПА: Мицкоски вели дека од професорска плата немаше да направи таква куќа

СЕ БАРААТ ДИРЕКТОРИ ЗА БИТНИ ПОЗИЦИИ – ќе има ли промени во раководните структури на Царина и УЈП

СЕ БАРААТ ДИРЕКТОРИ ЗА БИТНИ ПОЗИЦИИ – ќе има ли промени во раководните структури на Царина и УЈП

КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈА ВО СКОПЈЕ ДА ВОВЕДЕ РЕД ВО ГРАДОТ: Ваков предлог закон постои, еве што бара Герасимовски

КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈА ВО СКОПЈЕ ДА ВОВЕДЕ РЕД ВО ГРАДОТ: Ваков предлог закон постои, еве што бара Герасимовски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Енергетиката и инфраструктурата беа во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Енергетиката и инфраструктурата беа во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата