ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР И ЛОКАЛЕН ДОЖД: Се огласи Славчо, најавува пад на температурите
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2023 15:45
Поради продор на значително постуден воздух од север, во текот на ноќта недела кон понеделник во Македонија ќе дојде до поголема промена на времето и нагло заладување, особено во северната половина од државава. Сето ова ќе биде проследено со засилен северен ветер, како и со локален дожд, пишува метеорологот Славчо Поповски на неговата веб страна.
- Во понеделник максималните дневни температури кај нас ќе бидат пониски од сегашните дури за 8 до 9 степени, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен, а ќе продолжи да дува северниот ветер - укажува Поповски.
Тој дополнува дека повеќе врнежи и пооблачно ќе биде во вторник.
Се на се следната седмица кај нас ќе биде многу променлива, но од средината на истата температурите повторно позначително ќе се покачат.
Во посеверните предели од Балканот овој студен бран ќе се почувствува повеќе, па така од недела не се исклучува можноста на планините да се појават и првите снегулки за оваа сезона.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




