Затоа што здравјето нема цена! Кои се најпрофитабилните приватни болници?

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2022
Ниската ефикасност и слабото ниво на организација во јавното здравство остави простор за одлична бизнис клима кај приватните болници. Разликите во услугите и третманот се евидентни, условите неспоредливи, а критериумите за споредба се наједноставно кажано неспоредливи. Затоа и не треба да не чудат резултатите на приватниот сектор, но треба јак притисок врз креаторите на политиките во јавниот здравствен сектор...
Македонското јавно здравство е пред сериозен предизвик. Натрупани долгови, слаба ефикасност, незадоволни пациенти, редици, листи на чаекање. Многумина од нас кажуваат дека го почувствувале горкото чувство кога им било барано мито или не им се вршело работа иако е ургента се додека не се досетат дека треба да реагираат во стилот на народната „ти зборам ќерко сети се снао“ ....
На другата страна на медаљата на здравствениот систем се приватните болници: добро организирани, техничко-технолошки и кадровски сосема солидно опремени, со еден збор поставени на пазарни принципи. Во нив се вложени солидни суми приватни пари кои треба да се оплодуваат, а при тоа да дадат квалитетна и навремена здравствена услуга. Тоа подразбира фер пазарна цена за секоја услуга што ја нудат без разлика дали ја плаќа државниот Фонд за здравство или пак директно пациентот и неговото семејство.
Разликата меѓу приватното и јавното здравство веќе е се поочигледна. Најнов аргумент на таа листа е фактот што приватните осигурителни компании за услуги од дополнително и приватно здравствено осигурување ги одбраа за партнери токму приватните здравствени установи. И тука не држи аргументот дека јавните болници и клиники не смеат оти и да смееја пак ќе беше исто.
Никој не ги обвинува докторите и медицинскиот персонал. Многумина од белите мантили од јавното здравство се за медаљи. Но системот на јавното здравство е нефункционален и создава загуби затоа што нема критериуми на интерна конкуренција и не им се мери учинокот (или не им се мери реално) при сработеното...
Токму оваа состојба во јавното здравство остава простор за одличен бизнис амбиент за приватните болници и клиники. Дополнителен катализатор за нивната работа беше и здравствената пандемија предизвика од корона вирусот кој дополнително ги поремети стандардните позиции во системот на јавно здравство.
На листата на „Фактор“ на најголеми и најуспешни приватни здравствени компании има седум компании. Радува еден факт: дури четири од нив се доминантно или целосно домашно поседувани.
Резултатити од нивната работа се евидентни, а официјалните податоци достапни во Централниот регистар покажуваат дека четири од нив бележат растови на приходите лани во споредба со 2020 година, а две компании – специјализирани за хемодијализа ја одржале пазарната позиција (со минимална корекција на приходите).
Р. Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
ТОЈ Е ИЗБОР ЛИЧНО НА ПАРТИСКИОТ ЛИДЕР АХМЕТИ - Талат Џафери ќе биде првиот премиер Албанец во земјава

СМЕТАМ ДЕКА КОЛЕГИТЕ ОД ТУРЦИЈА ЌЕ ИМААТ ПРЕДВИД ДЕКА СЛУЧЈОТ НЕ СМЕЕ ДА ДОБИЕ ПОЛИТИЧКА КОНОТАЦИЈА - Вилма Рускоска околу барањето за екстрадиција на Палчо

УБИСТВОТО НА НЕВИНО ДЕВОЈЧЕ БИ МОЖЕЛ ДА ГО ИЗВРШИ САМО ЕДЕН ТИП НА ЛУЃЕ - српски психолог објаснува зошто некогаш грешат и татковците

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИМ ПРИРЕДИЛЕ ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ - осомничените ги држат во делот на зградата каде што не можат да влезат ни сите чувари

„НА МЕНХЕТН ЛИ ПРОДАВАТЕ СТАНОВИ, НЕНОРМАЛНИ ЕДНИ, 120 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА СТАНЧЕ ОД 40 КВАДРАТИ“ - актерот Тасевски распали за високите цени во Дебар Малоо

КАДЕ БИЛ ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ-ПАЛЧО НА 24 АПРИЛ 2012 ГОДИНА, КОГА СЕ СЛУЧИ „МОНСТРУМ“ - Европскиот сојуз со прашања до МВР

„АКО БЕГАЛЕЦОТ ИМА ПАРИ ДА ВОДИ ПРАВНА БИТКА, ЕКСТРАДИЦИЈАТА МОЖЕ ДА ТРАЕ ОД ШЕСТ ДО 12 МЕСЕЦИ“ - адвокатот Митев со неповолни прогнози
А ЗОШТО ДОСЕГА БИЛ НА СЛОБОДА - прилепчанец демнел и се заканувал на јавна обвинителка, објавувал фотографии, а ја малтретирал и ќерката, одреден е притвор

БРЗА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА „ВОЗАЧОТ“ НА ПАЛЧО - го однел во Турција за да им избега на органите на прогонот
