26 Ноември, 2024
0.0287

ЗАТВОРЕНИ ПРОЗОРЦИ, НЕМА КЛИМАТИЗАЦИЈА, КАЈ ПРИВАТНИЦИТЕ „ПРАВА САУНА“ – Граѓаните револтирани

Објавено во: Македонија 25 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Како да нема крај на маките на Скопјани со јавниот превоз. Иако, штрајковите завршија, и последните најави за бојкот беа разрешени, жителитЕ на главниот град мака мачат со јавниот превоз. Дел од нив укажуваат дека одредени линии се многу ретки, дека автобусите ги прескокнуваат термините за тргнување, а особено револтирани се од недостигот на вентилација кај приватните превозници. 

До нашата редакција се пожалија средношколци кои потенцираат дека освен велосипед и јавен превоз, немаат друг избор, и истакнуваат дека состојбите кај приватните превозници, во овие пеколни денови се страшни. 

- Во една ситуација бевме приморани да се симнеме од автобусот на првата станица која доаѓаше иако планот беше да се возиме четири станици до центарот на градот. Но, бидејќи во автобусот немаше воздух, се беше затворено, беше страшно загушливо, се договориме сите да се симнеме, па чекавме следен автобус, овој пат од ЈСП – вели младата Евгенија. 

Но, поплаките од Скопјани, дека нема климатизација во приватните превозници, не се новина, напротив се присутни секое лето, но тоа не помогна да се наминаат. Поради неиздржливоста на состојбата во јавниот превоз, една наша сограѓанка на Фејсбук страната на општина Гази Баба се пожали на состојбите кај приватните превозници. 

- Незнам како да го почнам постов од огромен револт, бес и гнев кон ова опшество и држава ако може така да се нарече. Затоа што држава е онаа во која граѓаните се третираат пред се хумано и достоинствено, а овој народ овде се третира како стока во секој сектор од опшеството, иако сите побарувања кон државата сме должни да ги извршуваме и тоа со рокови. А државата основни услови не е во можност да овозможи на овој народ како на пример што е ова, обичен нормален превоз од работа до дома. Денес на овие пеколни температури ако го користите јавниот превоз посебно од приватните превозници може да колабирате внатре во автобусите. Затворени како во конзерва, воздух од никаде не влегува, а внатре 100 степени – напиша таа на својот Фејсбук профил и потоа го поврза со оној на општина Гази Баба. 

Дел од жителите на оваа општина немаат друг избор освен да се возат во некои од приватните линии, немаат друг број на градска линија со кои би се вратиле во своите домови. 

- Па мислам дека ниту еден народ на оваа планета не е така издржлив и толерантен како овој народ овде. Постои ли контрола за тоа дали автобусите ги исполнуваат основните услови за да вршат превоз на ЛУЃЕ. Денес во автобус бр.23 паѓаа луѓе во бессознание од топло. Прозорци затворени, воздух од никаде нема, возачот си го подотворил прозорецот до него колку толку го разладува, а луѓето внатре нека умираат. Верувам дека во 80% од автобусите е иста ситуацијата. Срамно и жално е ова што се случува. За среќа не го користам превозов често ама луѓето што го користат секојдневно се за жалење реално, особено ако е тоа во најжешкото и кога има гужва во сообраќајот. Вакви затворени од сите страни автобуси се возат и во други земји ама таму несмее да се вклучи во сообраќај ако нема клима или парно затоа што таму превезува ЛУЃЕ, и постои држава која работи за народот а овде трагично е и жалосно е што ни се случува – потенцира нашата сограѓанка. 

Повозрасна скопјанка за Фактор укажува дека во автобусите на ЈСП, особено во пеколните денови редовно имало климатизација. 

 - Секојденовно користам јавен превоз бидејќи летово ги чувам внуците додека се на распуст. Ми се случи да влезам во 23 два пати, бидејќ се возам од центар кон Ново Лисиче, и се покајав. Нема никаква вентилација, не се отвораат прозорци, нема воздух. Од друга страна во најголем број од патувањата до Ново Лисиче и назат, имало климатизација и во автобусот превозот беше многу пријатен – вели 60 годишната Трајанка Д. 

 П.О.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје