05 Декември, 2025
0.0586

Затвореници во Идризово го запалиле сандачето на Народен правобранител: Од канцеларијата тврдат дека условите им се нехумани и ги бранат интересите на осудениците

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2025 08:23

Добивај вести на Viber

При неодамнешната посета на казнено-поправната установа Идризово, екипата на „Женски магазин“ имаше можност да направи увид во условите во полуотвореното одделение – дел од затворот кој е предвиден за осудени лица со подобро однесување и олеснет режим.

Сепак, токму таму, според информациите што ги добивме од затворската служба, се случил несекојдневен инцидент: Група затвореници, засега непознати за управата, го запалиле сандачето на Народниот правобранител, кое служи за пријавување поплаки и барање правна заштита.


Овие сандачиња се поставени во сите затвори во државата со цел осудените лица да можат доверливо да ги адресираат своите проблеми и да побараат легално застапување. Инцидентот, кој останал без објаснување, отвора прашања – дали зад него стои знак на револт, предупредување или обид за сокривање поплаки?

Од Канцеларијата на Народниот правобранител за „Женски магазин“ велат дека тие редовно ги собираат претставките, еднаш неделно, и дека прават сè во рамки на законските надлежности за заштита на правата на лицата лишени од слобода.

Во разговор со Соња Трифуновска од оваа институција дознаваме дека во 2024 година бројот на претставки за состојбите во затворите е зголемен во однос на 2023 година, иако управата уверува дека ги почитува сите прописи. Народниот правобранител признава дека постои соработка со затворите, но укажува на системски проблем – условите со години се подобруваат минимално, а суштински промени нема.

Магдалена Стојмановиќ - Константинов 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво