Затвореник пукал во Чаир, застрелал во нога припадник на групата Грчец
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2024 10:10
Затвореник за кој не се знае како излегол на слобода вчера околу 18 часот и 10 минути пукал кон член на групата Грчец во Чаир на улица „Христијан Тодоровски Карпош“, при што му нанесол повреди во ногата, информира ТВ21.
Застреланиот итно е префрлен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Лекарите констатирале прострелна рана на ногата. Од МВР велат дека повредениот бил донесен од страна на неговиот брат.
Според првичните неофицијални информации, се претпоставува дека инцидентот настанал поради должничко-доверителни односи.
„Денеска (14.10.2024) околу 18.10 часот од ГОБ „Св.Н. Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека во болницата бил донесен повреден Е.А. (35) од Скопје, со прострелна рана во ногата.“, објави МВР.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




