26 Јуни, 2024
0.0434

Завршена социјална зграда во Пробиштип со 48 станбени единици

Објавено во: Македонија 26 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Социјалната зграда во Пробиштип ќе овозможи решавање на станбеното прашање на 48 семејства од социјално ранливите категории на граѓани. Становите се со површина од 35 - 45 м2, а ќе бидат распределени во транспарентна постапка согласно методологијата на бодирање на кандидати после локалните избори. Според Генералниот директор на АД за стопанисување со станбен и со деловен простор од значење на Републиката - Кристијан Трајковски, денешната заедничка обиколка на зградата со Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот Драган Анастасов, покажала дека на терен е завршено се што е планирано во проектот.

„Очекувам дека после Нова година и поголемиот дел од социјалните згради што ги започнавме во последниве две години ќе бидат при крај и дека во утврдените временски рокови ќе бидат распределени на граѓаните на кои што им се најпотребни“, рече Трајковски. Според него, АДИССДП останува силно посветено на социјалната политика заедно со министерот и со сите градоначалници што се вклучени во овој процес, што е и потврда за успешноста на овој проект кој, како што рече, за брзо време ќе се затвори.

Според министерот Бочварски, со градење на објекти од ваков тип Владата покажува посветеност и желба да ги решава суштински потребните прашања кои ги засегаат граѓаните.

„Секоја станбена единица е шанса за подобар живот на наши сограѓани. Со програмата на изградба и одржување на станови во изминатите години се изградени околу 750 станбени единици, а во овој момент во тек на изградба се преку шестотини вакви станови на 8 локации во 8 општини во државата“, рече Бочварски.

Изразувајќи задоволство од завршување на проектот, градоначалникот Анастасов рече:„ Јас ги знам проблемите на овие сограѓани кои ќе можат да аплицираат и да решат еден децениски, долгогодишен проблем, односно да имаат свој кров над глава“.

Вкупната сума на чинење на објектот во Пробиштип изнесува 68,880,116 денари.


Можеби ќе ве интересира

ОД СТРАНСКА АМБАСАДА ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Маж од Прилеп се заканувал

ОД СТРАНСКА АМБАСАДА ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Маж од Прилеп се заканувал

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“