19 Декември, 2025
0.0391

Завршени се сите пристапни улици до East Gate Mall, а целата околина е хортикултурно уредена

Објавено во: Мои пари 19 Мај, 2022 14:55

Добивај вести на Viber

Откако е отворен новиот трговски центар East Gate Mall, животот во главниот град постојано забележува промена. И не се менуваат само шопинг навиките и стандардите на потрошувачите, туку и атрактивноста на источниот дел од главниот град, кој сега изгледа најраздвижен во последната деценија.

Сместен на просторот на поранешниот скопски саем и паметно искористувајќи го просторот помеѓу булеварите Гоце Делчев и Александар Македонски, трговскиот центар East Gate претставува синергија на урбан јавен, деловен простор и забавен центар кој нуди за секого по нешто. East Gate е оддалечен само пет минути од градскиот центар, така што ви овозможува да избегате од големиот метеж, а сепак да сте близу до сите важни случувања.

Ако го посетувате East Gate со автомобил можете да сметате и на тоа дека ќе најдете место каде да го оставите вашето возило, бидејќи во склоп на целиот комплекс се наоѓа и паркинг простор со 2.000 места за паркирање.

Архитектите на East Gate се погрижија за овој трговски центар да не биде само естетски впечатливо здание, туку и да биде достапен и да се претопи во еко-системот на градот, на тој начин правејќи го дел од него. Големиот простор од 160.000 метри квадратни е лесно пристапен и поврзан со остатокот од градот преку улицата Беласица. При самото излегување, можете да одберете дали ќе се приклучите назад кон центарот на градот или пак ќе искористите некој од излезите кои го спојуваат East Gate со автопатот М4 и меѓународниот аеродром Скопје. На тој начин, комплексот East Gate им нуди на странските туристи лесно да го најдат не само трговскиот центар, туку и патот надвор од Скопје преку кој ќе се вратат дома.

Просторот околу трговскиот центар East Gate го зазеленува прекрасна ботаничка градина, во која се посадени 88 вида растенија: цвеќиња, дрвја и разна хортикултура со која се разубавува просторот во овој дел од градот. Така, East Gate е првиот трговски центар во градот кој опфаќа и сопствена „зелена оаза“ со која ја комбинира природата со врвната, модерна архитектура на меѓународно признатото архитектонско студио „Yazgan Design“.

Секој дел, секој агол од комплексот East Gate е приказна која мора да ја доживеете, а која со сигурност ќе ја раскажувате на вашите пријатели уште веднаш по заминувањето. Посетете го  трговскиот центар за да доживеете шопинг искуство на повисоко ниво, сместено во мултидимензионалната естетика на East Gate и уверете се зошто сите зборуваат за него.

Дознајте повеќе на: https://eastgatemall.mk/

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка